ПРВ.мк

Илиевски: Завршена изградбата на улицата „Капуч маало“ во Челопек

Илиевски: Завршена изградбата на улицата „Капуч маало“ во Челопек
Jumbo Banner

Општина Брвеница го финализираше поставувањето на бехатонски плочки на улицата „Капуч маало“ во селото Челопек, со што се подобрува квалитетот на живеење и движењето на жителите во овој дел од општината.

Проектот, чија вредност изнесува 2.683.408 денари со вклучен ДДВ, е целосно финансиран од општинскиот буџет. Според градоначалникот Јовица Илиевски, ова е уште еден пример за посветеноста на локалната самоуправа кон развојот на инфраструктурата и ефикасното управување со јавните финансии.

„Продолжуваме со инвестиции во подобрување на локалната патна мрежа и условите за живот на нашите граѓани“, изјави Илиевски.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран