ПРВ.мк

Светот во петок ќе го дознае името на новиот папа

Светот во петок ќе го дознае името на новиот папа
Jumbo Banner

Новиот папа ќе биде познат во петок, најави кардинал од Салвадор

Кардиналот од Салвадор, Грегорио Роса Чавез, изјави дека името на новиот папа ќе биде објавено во петок, откако ќе заврши процесот на избор во Ватикан.

„Мислам дека во петок попладне ќе знаете кој е новиот папа“, изјави Чавез за хрватската телевизија RTL.

Конклавата, тајниот процес на избор на нов поглавар на Католичката црква, започнува во среда и ќе трае сè додека не биде избран наследникот на покојниот папа Франциск. Оваа година, право на глас имаа рекорден број од 133 кардинали, од кои 108 беа именувани токму од Франциск.

Со почетокот на конклавата, сите кардинали ќе положат заклетва за строга тајност, а потоа ќе се одржуваат по две гласања наутро и две попладне, сè додека не се постигне мнозинство од две третини.

По секое гласање, гласачките ливчиња се палат: црниот чад од оџакот на Сикстинската капела значи дека папата сè уште не е избран, додека белиот чад сигнализира дека Католичката црква има нов водач.

Ватиканските набљудувачи веќе објавуваат свои листи на таканаречени „папабили“ – кардинали со најголеми шанси да бидат избрани. Овие анализи се базираат на нивните ставови, потекло, и лични квалитети, но конечната одлука ја носат само кардиналите внатре во конклавата. Сè останато останува во рамките на шпекулациите.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран