ПРВ.мк

Легендарната мобилна игра повторно достапна за Андроид уредите

Легендарната мобилна игра повторно достапна за Андроид уредите
Jumbo Banner

„Flappy Bird“ се враќа: Култната мобилна игра достапна повторно, но овојпат преку Epic Games

Повеќе од една деценија откако беше повлечена од продавницата Google Play, култната мобилна игра „Flappy Bird“ повторно е достапна за преземање – сега ексклузивно преку Epic Games Store за Android-уреди.

Зад враќањето стои тим од ентузијасти и ветерани од индустријата, кои се здружија под името Flappy Bird Foundation. Новото издание ја задржува оригиналната и препознатлива механика – тапкање по екранот за да се избегнат пречките во форма на цевки – но нуди и нови содржини: тематски светови, нови ликови и можности за персонализација.

Вреди да се напомене дека креаторот на оригиналната игра, виетнамскиот девелопер Донг Нгуен, не учествувал во развојот на оваа верзија и не остварува никаква финансиска добивка, бидејќи правата на играта биле пренесени по истекот на неговата заштитна марка.

За разлика од бројните копии и спорни преработки што се појавуваа во изминатите години, новата верзија на „Flappy Bird“ не е поврзана со криптовалути или Web3-технологии. Фокусот останува на едноставнo, забавнo и носталгичнo гејмплеј-искуство.

Играта е достапна бесплатно, а дополнителни содржини може да се отклучат преку опционални купувања во апликацијата. За да ја инсталирате, потребно е најпрво да ја преземете апликацијата Epic Games за Android, која не е достапна преку Google Play, туку директно од официјалната веб-страница на компанијата.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран