Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ги информира граѓаните дека од денеска возилата кои ќе бидат подигнати од пајак-службата ќе се пренесуваат на новата локација, односно на простор до Автобуската станица, а не во дворот на Територијалната противпожарна единица.
„Ова е простор на Општина Тетово, поточно на Претпријатието, кој значително ќе ја олесни работата не само на оваа служба, туку и на Противпожарната единица, која сега има покомотен простор. Работиме секојдневно секое јавно претпријатие да има услови и можности за да нуди што поквалитетни и поефикасни услуги за граѓаните“, информираат од претријатието.