ПРВ.мк

Трамп и Ердоган ќе работат заедно да стават крај на војната во Украина

Трамп и Ердоган ќе работат заедно да стават крај на војната во Украина
Jumbo Banner

Телефонски разговор меѓу Ердоган и Трамп: Разговори за Газа, Украина и билатерална соработка

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска остварил телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе новинската агенција Анадолија.

Во разговорот, Ердоган нагласил дека Турција ќе продолжи да работи на продлабочување на соработката со САД во повеќе области, со посебен фокус на одбранбениот сектор. Тој изразил подготвеност Турција да испрати хуманитарна помош во Појасот Газа, каде што, според него, хуманитарната состојба е „загрижувачка“.

Од своја страна, Доналд Трамп изјавил дека имале „многу продуктивен и вреден разговор“ за повеќе актуелни прашања, меѓу кои ситуациите во Украина, Сирија и Газа. Американските медиуми пренесуваат дека двајцата лидери разговарале и за можни идни средби.

Трамп потврдил дека Ердоган ќе го посети Вашингтон, а и самиот добил покана да ја посети Турција.

„Со нетрпение очекувам да работам со претседателот Ердоган за да ставиме крај на оваа апсурдна, но смртоносна војна меѓу Русија и Украина – веднаш!“, напиша Трамп на своите профили на социјалните мрежи.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран