ПРВ.мк

Дали се ближи крајот на Трамп? Американскиот претседател ги обвини демократите за нов напад

Дали се ближи крајот на Трамп? Американскиот претседател ги обвини демократите за нов напад
Jumbo Banner

Трамп реагира на најавите за нов импичмент: „Политички напад и обид за дискредитација“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека претставници на Демократската партија повторно отвораат прашање за негов импичмент, нарекувајќи го тоа политички мотивиран напад. Во објава на платформата X (поранешен Твитер), Трамп изрази незадоволство од, како што вели, „непрекинатите напади од радикалната левица“.

„Двајца непознати конгресмени, кои никој не ги почитува, повторно зборуваат за мој импичмент – по околу дваесетти пат – а притоа дури ни самите не знаат зошто“, напиша Трамп.

Тој саркастично забележа дека, според логиката на демократите, би можел да биде сменет од функција поради мерки како што се зајакнување на контролата на границите, борба против инфлацијата, цврст став кон Украина и Иран, и прекинот на финансирање на Техеран – што, според него, можело да го спречи нападот врз Израел на 7 октомври.

Трамп ги обвини демократите дека „го користат импичментот како политичко оружје“ и дека „мразат сè за што се залага Америка“. Тој ги повика републиканците да одговорат со исти мерки.

„Можеби е време да играме по нивните правила и да почнеме да ги исклучуваме демократите од Конгресот за вистински кривични дела?“, порача Трамп.

Поранешниот претседател веќе двапати беше подложен на импичмент – во 2019 и 2021 година – но Сенатот во двата наврати не изгласа негова смена.

Според американски медиуми, најновите дискусии за можен импичмент се поврзани со обвинувања од страна на демократите, вклучувајќи наводни злоупотреби во надворешната политика и притисоци врз Конгресот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран