ПРВ.мк

Песков: Неопходен е состанок помеѓу Путин и Трамп, но се уште не постојат конкретни планови

Песков: Неопходен е состанок помеѓу Путин и Трамп, но се уште не постојат конкретни планови
Jumbo Banner

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп е неопходна, но дека во моментов не постојат конкретни планови за таков состанок.

Според Песков, Путин нема закажано патувања на Блискиот Исток за средината на мај, каде што Трамп, наводно, планира посета – конкретно во Саудиска Арабија.

„Таа средба, очигледно, е на усните на сите“, рече Песков, коментирајќи ги изјавите на Трамп дека би можел да размисли за состанок со Путин токму за време на своето патување.

Тој додаде дека за евентуална средба потребни се сериозни подготовки и вклучување на стручни тимови од двете страни. „Мора да се подготвиме соодветно. Тоа бара напори на различни професионални нивоа, вклучително и постојана комуникација меѓу Москва и Вашингтон“, изјави Песков, пренесе агенцијата РИА Новости.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран