ПРВ.мк
Свет

ШТО СЕ СЛУЧУВА?! Израел започна нов напад врз Иран, уште една земја во опасност од инвазија!

ШТО СЕ СЛУЧУВА?! Израел започна нов напад врз Иран, уште една земја во опасност од инвазија!
Kristal

Иран, САД и Израел веќе 17-ти ден се во војна, а Иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда (IRGC) соопшти дека во најновиот бран од операцијата биле лансирани вкупно 54 ракети, меѓу кои „Хорамшахр“, „Хајбар Шекан“, „Кадр“ и „Емад“, како и – за првпат – четири единици од стратешката ракета „Сеџил“.

Од друга страна, американските разузнавачки служби го информирале претседателот на САД Доналд Трамп дека починатиот ирански врховен лидер ајатолах Али Хамнеи имал сериозни сомнежи дали неговиот син Моџтаба Хамнеи треба да го наследи на таа функција.

Шпанија: Ова е нелегална војна

Шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес го одби барањето на Трамп за воена поддршка со цел обезбедување на пловниот пат во Ормускиот теснец, кој Иран го блокира.

– Шпанија во моментов не разгледува никаква мисија во Ормускиот теснец бидејќи ова е нелегална војна во која гинат многу луѓе. Целта мора да биде крај на војната – и тоа веднаш – изјави Роблес.

Судири меѓу Хезболах и Израел на југот на Либан

На југот на Либан во тек се судири меѓу Хезболах и израелските сили, пренесе либанската Национална новинска агенција (NNA).

„Непријателот се обидува да влезе на либанска територија под силен оган“, наведува агенцијата.

Германија: Ова не е војна на НАТО

Германија одговори на повикот на Трамп да помогне во обезбедувањето на бродските рути во Ормускиот теснец. Од Берлин порачаа дека војната во Иран не е војна на НАТО.

– Не гледам дека НАТО донел одлука во таа насока или дека би можел да преземе одговорност за Ормускиот теснец – изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.

Европа не сака да испрати војска

И Грција соопшти дека нема да учествува во воени операции во Ормускиот теснец. Според Ројтерс, портпарол на грчката влада изјавил дека земјата нема да се вклучи во таква мисија.

Иран: Ако има крај на војната, мора да биде конечен

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека за Техеран евентуалниот крај на војната со Израел и САД мора да биде конечен.

– Иран не побара прекин на огнот и сака секој крај на војната со Израел и САД да биде дефинитивен – рече Аракчи.

Израел започна нови воздушни напади

Израелските одбранбени сили (IDF) соопштија дека израелската авијација започнала нов бран масовни воздушни напади врз инфраструктурата на Иран, вклучувајќи цели во Техеран, Шираз и Табриз.

Напад со дрон ја прекина работата на нафтено пристаниште

Во пристаништето Фуџеира во Обединетите Арапски Емирати е прекинато товарењето на нафта поради напад со дрон.

Едно лице загина во Абу Даби

Едно лице загина откако ракета падна во Абу Даби, соопштија локалните власти.

Ирак во опасност

Аналитичарите предупредуваат дека Ирак би можел да биде најтешко погоден од евентуален американско-израелски напад врз Иран. Земјата со околу 47 милиони жители има кревка политичка структура и силна зависност од нафтата.

Трамп се заканува на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека НАТО може да се соочи со „многу лоша иднина“ ако сојузниците не помогнат во повторното отворање на Ормускиот теснец.

– Ако нема одговор на американското барање или тој биде негативен, мислам дека тоа ќе има многу лоши последици за иднината на НАТО – изјави Трамп.

Иран лансираше ракети со домет до 2.500 километри

Иранската револуционерна гарда соопшти дека во новиот напад биле лансирани 54 ракети кон цели во Израел. Меѓу нив се и стратешките ракети „Сеџил“, кои имаат домет од 2.000 до 2.500 километри.

Според ирански извори, ракетите погодиле командни и контролни центри на израелското воздухопловство, како и други воени и стратешки објекти.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo