Шеснаесетгодишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Струмица.
Според информациите од полицијата, на 15.03.2026 година околу 14:00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосницата од улиците „Ѓуро Салај“, „Цветан Димов“ и „Атанас Јанев“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од 16-годишен малолетник од Струмица, и патничко возило „фолксваген“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Т. (24) од село Куклиш, струмичко.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, додека со телесни повреди се здобил и неговиот 16-годишен сопатник. Повредите биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струмица.

















