ПРВ.мк
Македонија

Лишен од слобода жител на Чашка поради предизвикување пожар

Лишен од слобода жител на Чашка поради предизвикување пожар
Kristal

На 15.03.2026 во 15:10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ж.Ј. (36) од Чашка. Тој се сомничи дека околу 12:00 часот на место викано „Оризи“ во атарот на село Еловец, општина Чашка, запалил стрништа во својот блок, при што пожарот се проширил и зафатил сува трева на соседниот блок.

Повредени лица нема, а пожарот сам се изгаснал. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, а известен бил и јавен обвинител. По документирање на настанот против Ж.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo