Вечерва со почеток во 19:00 часот, 4TV организира специјално отворено студио посветено на Кочани. Програмата ќе се емитува во живо и ќе трае повеќе од четири часа, носејќи искрени разговори, сведоштва и приказни кои досега ретко биле слушнати.
Во емисијата ќе учествуваат повеќе од 20 гости – луѓе кои директно ја живеат приказната на Кочани, оние кои се борат, оние кои изгубиле, и оние кои имаат што да кажат за животот во градот денес.
Гледачите ќе имаат можност да слушнат како се справуваат жителите со болката, што се променило и какви пораки испраќаат од Кочани.
Специјалната програма започнува вечерва во 19:00 часот, во живо на 4tv.mk.

















