Пропагандна кампања насочена против Естонија, членка на НАТО на границата со Русија, предизвика загриженост во безбедносните кругови. На руските канали сè почесто се шири идејата за прогласување на „Народна Република Нарва“, град со околу 50.000 жители каде значителен дел се руски говорници.
Естонските власти предупредуваат дека станува збор за дезинформациска кампања, слична на онаа пред руската анексија на Крим и конфликтот во источна Украина во 2014 година. На социјалните мрежи се шират слогани и мапи на наводната република, повикувајќи на „заедничко дејствување“.
Портпаролката на естонската безбедносна полиција, Марта Туле, оцени дека кампањата има цел да ја вознемири јавноста и да создаде страв, нагласувајќи дека учеството во такви активности може да има кривични последици.
Стравот од сличен сценарио како во Донбас, каде проруските сепаратисти со поддршка од Москва формираа Донечка и Луганска Народна Република, ги прави естонските власти особено внимателни. НАТО и Западот ја следат ситуацијата, додека официјални лица на Естонија ги повикуваат граѓаните да не наседнуваат на пропагандата која нема вистинска политичка основа.


















