ПРВ.мк
Скопје

Оваа општина ќе субвенционира до 15.000 денраи за поставување сончеви колектори!

Оваа општина ќе субвенционира до 15.000 денраи за поставување сончеви колектори!
Kristal

Жителите на општина Гази Баба кои ќе купат и инсталираат сончеви термални колекторски системи – вклучувајќи колектори, резервоар за топла вода и потребна инсталација – ќе можат да добијат надомест од општината од 50% од трошоците, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство, со вклучен персонален данок на доход.

Субвенцијата важи само за оние кои досега не искористиле средства за оваа намена од државниот буџет.

Јавниот повик трае до 30 ноември 2026 година или додека се потрошат предвидените средства. За да се добие субвенција, колекторот мора да биде купен и инсталиран во 2026 година на адресата наведена во личната карта на барателот, кој треба да има платен данок на имот за објектот заклучно со 2025 година.

Исплатата на средствата ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“, по донесување на решението за одобрување од страна на градоначалникот на Гази Баба.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo