Уште едно ветување кон граѓаните е реализирано, откако целосно беше реконструирана улицата 48 на потегот кај новоизградениот потпорен ѕид на улица 50. Со овој зафат се решава долгогодишен проблем со безбедноста и оштетувањата на коловозот, кои претходно претставуваа ризик за жителите и за сите што се движат по оваа улица.

Потребата од интервенција се појавила поради одрони и пропаѓање на дел од улицата, што ја направило небезбедна за движење на граѓаните. Токму поради тоа била извршена санација на најоштетениот дел од улицата 48, со цел повторно да се обезбеди сигурно и непречено користење на сообраќајницата.

Пред оваа реконструкција беше изграден и потпорен ѕид, со што дополнително се зајакна стабилноста на теренот. Со овој градежен зафат се обезбедува поголема сигурност за објектите на жителите во околината, како и заштита од можни свлечишта и лизгање на земјиштето.

Овој проект претставувал едно од најголемите барања на жителите од ова населено место, кои долго време укажувале на проблемите со оштетената улица и опасностите што ги носела. Со неговата реализација, проблемот конечно е решен, а жителите добиваат побезбедна и подобра инфраструктура.

Надлежните најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со реализација на проекти кои се во интерес на граѓаните и подобрување на условите за живот во локалната заедница.


















