Митрополитот на Брегалничката епархија, господин Иларион, во сослужение со свештеници од кочанскиот храм „Св. великомаченик Ѓеорги“, одржа молитва за упокоените денеска во Паркот на револуцијата во Кочани.
На молитвата присуствуваа семејствата на жртвите, граѓани, како и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со бројни претставници од политичката, академската и општествената заедница.
Паркот денеска беше исполнет со гласна тишина – 63 бели столчиња, секое со по една бела роза и отворена книга за жалост, сведочеа за животите прекинати во најубавите години.
Во Центарот за култура „Бели мугри“ продолжува централниот комеморативен настан „Ден на сеќавање“ – 16 март 2025, посветен на трагично загинатите граѓани.


















