Српскиот фолк пејач Дарко Лазиќ доживеа голема семејна трагедија оваа недела, кога неговиот помлад брат Драган загина во сообраќајна несреќа. Погребот на Драган се одржа во петокот во нивниот роден Брестач, а болката од загубата сè уште е неизмерна.
Дарко ја сподели својата тага со следбениците на социјалните мрежи преку емотивни пораки, а најновата објава на Инстаграм го трогна целиот регион. На фотографија посветена на својот брат, тој напиша:
„Не дозволувај никому кој не чекорел во твоите чевли да ти кажува како да ги врзеш врвките.“
Под објавата се појавија бројни пораки за поддршка и сочувство од неговите фанови.
За потсетување, трагичната несреќа се случи на патот Шабац-Ваљево во Белотиќ, кога Драган Лазиќ бил удрен од автомобил додека возел мотор.


















