ПРВ.мк
Македонија

ШУМСКА ПОЛИЦИЈА ВО АКЦИЈА: Одземени три моторни возила и голема количина дрва низ Македонија

ШУМСКА ПОЛИЦИЈА ВО АКЦИЈА: Одземени три моторни возила и голема количина дрва низ Македонија
Kristal

Во текот на две одделни акции против бесправна сеча, шумската полиција одзела три моторни возила и поголема количина огревни дрва, а против повеќе лица се поднесени пријави, изјави заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов.

„Со службите на ПШС 'Беласица' од Струмица одземаа едно моторно возило и складирани бесправно посечени огревни дрва. На Скопска Црна Гора, службите на полициска станица Мирковци одземаа друго моторно возило со кое се превезуваа бесправно посечени дрвни сортименти“, појасни Михаилов.

Тој истакна дека вакви акции се спроведуваат на територијата на цела Македонија, како дел од напорите за пошумување и заштита на шумите. Во моментов, шумската служба се бори и со пожарот на планината Јабланица, во близина на Струга, каде гаснењето го поддржуваат и хеликоптери од воздух.

ИЗВОР: Скопје1.мк

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo