Колку пати сте се воздржале од омиленото парче пица, тестенини или печиво поради страв од надуеност, тежина во стомакот или други непријатни дигестивни симптоми?
Глутенот е протеин кој природно се наоѓа во пченицата и сродните житарици како јачменот и р’жта. Тој му ја дава еластичноста на тестото и ја создава карактеристичната структура на лебот и печивата. Благодарение на овие својства, глутенот се користи и во различни прехранбени производи како згуснувач и врзувач.
Сепак, кај одреден број луѓе, глутенот може да биде тешко сварлив. Неговите протеини можат да останат делумно несварени во дигестивниот систем, што може да предизвика реакција на имуниот систем во цревата. Ова може да доведе до различни нивоа на преосетливост на глутен, нарушена апсорпција на витамини, ослабен имунитет и промени во цревната микрофлора.
Симптоми кои може да укажуваат на преосетливост на глутен
- болка во горниот дел на абдоменот
- кркорење во цревата
- надуеност
- чувство на недоволно испразнети црева
- грчеви во стомакот проследени со силно чувство на глад
- намалена енергија
- зголемена желба за храна
Во вакви ситуации, помошта може да дојде од дигестивните ензими.

Како делува GastroRegular® Gluten?
GastroRegular® Gluten содржи специјална протеолитичка мешавина на ензими – Proteasa, Aspergilopepsin, Proteasa DPPIV кои ги разградуваат внатрешните и надворешните пептидни врски во протеините, вклучително и глутенот од храната.
На овој начин протеинот на глутен се разложува до ниво на аминокиселини кои организмот многу полесно ги вари. Ова помага да се намали неговото потенцијално негативно влијание врз дигестивниот систем и да се поддржи нормалната функција на цревата.
Како се користи?
Употребата е едноставна – една капсула GastroRegular® Gluten се зема пред оброк што содржи глутен.


















