Иранскиот шеф на дипломатијата, Абас Арагчи, порача дека Техеран не се задоволува со привремен прекин на огнот, туку бара конечен и траен крај на конфликтот со Израел и Соединетите Американски Држави.
– „Ако е крај, тогаш дефинитивно да е крај. Не прифаќаме привремени решенија“, истакна Арагчи.
Тој остро го критикува американското и израелското бомбардирање, наведувајќи дека се напаѓаат и цивилни објекти, вклучувајќи 53 болници и неколку спортски објекти, меѓу кои и стадион со 12.000 седишта.
Иранската дипломатија порачува дека земјата ќе продолжи да се спротивставува на притисоците, нагласувајќи дека и покрај угнетувањето, нацијата се однесува херојски и со достоинство.
Ставот на Техеран ја нагласува непопустливата позиција за траен мир, наместо само формален или краткорочен прекин на огнот.

















