ПРВ.мк
Свет

ШПАНИЈА ОСТРО ДО САД: „Не се мешајте во нашите одлуки за еутаназија“

ШПАНИЈА ОСТРО ДО САД: „Не се мешајте во нашите одлуки за еутаназија“
Kariera
Kristal

Шпанија упати остра порака до САД поради покрената истрага за случај на еутаназија во Барселона, што отвори нов дипломатски спор околу човековите права и правото на достоинствена смрт.

Повод за реакцијата е протечен дипломатски документ, според кој на американската амбасада во Мадрид ѝ било наложено да ја испита одлуката на шпанските власти да дозволат еутаназија на 25-годишната Ноелија Кастиљо. Таа била жртва на сексуално насилство, а по обид за самоубиство останала парализирана и во постојани болки.

Министерката за здравство Моника Гарсија директно му порача на американскиот претседател Доналд Трамп да не се меша во внатрешните работи на земјата, потенцирајќи дека Шпанија има јасен и законски уреден систем што го регулира правото на достоинствена смрт.

Критиките ги отфрли и претседателот на Каталонија Салвадор Иља, кој нагласи дека ќе ги брани здравствените институции од, како што рече, неосновани напади и надворешни притисоци.

Еутаназијата во Шпанија е легална од 2021 година, а ваквите прашања не се уредени на ниво на Европската Унија, што значи дека секоја држава самостојно ги дефинира своите правила и законска рамка.

Случајот дополнително ги отвори дебатите за границите на меѓународното влијание врз чувствителни прашања како што се здравствените политики и човековите права.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape