Руски воено-транспортен авион Ан-26 се урна додека летал над Крим, при што загинаа шест членови на екипажот и 23 патници, соопшти руското Министерство за одбрана.
Според наводите на министерството, контактот со Ан-26 бил изгубен во вторник околу 18:00 часот по московско време, а авионот бил на редовен лет над Крим.
Тим за пребарување и спасување го лоцирал местото на падот на авионот Ан-26. Според извештаите од местото на настанот, шестмина членови на екипажот и 23 патници во авионот загинале, се наведува во соопштението на министерството.
Според соопштението, прелиминарната причина за падот е технички дефект.
Комисија на руското Министерство за одбрана работи на местото на несреќата, соопшти руската војска.



















