ПРВ.мк
Свет

ИРАН СО ЗАКАНИ И НОВА ЕСКАЛАЦИЈА: Балканска држава под притисок, Трамп најавува повлекување, нападнати компании и нови удари врз Израел

ИРАН СО ЗАКАНИ И НОВА ЕСКАЛАЦИЈА: Балканска држава под притисок, Трамп најавува повлекување, нападнати компании и нови удари врз Израел
Kariera
Kristal

Војната меѓу Иран, САД и Израел влезе во 33-от ден, а тензиите дополнително се зголемуваат по серија закани, воени акции и политички изјави што го потресуваат регионот и светот.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД би можеле да се повлечат од конфликтот со Иран во рок од две до три недели, оценувајќи дека тоа би довело до стабилизација и пад на цените на нафтата. Неговата изјава доаѓа во момент кога ситуацијата на теренот останува исклучително нестабилна.

Во меѓувреме, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан порача дека Техеран има „неопходна волја“ да стави крај на војната, но само доколку добие цврсти гаранции дека конфликтот нема да се повтори во иднина.

Дополнителна загриженост предизвика и соопштението на Иранска револуционерна гарда, која најави дека од 1 април ќе таргетира американски компании во регионот како одмазда за нападите врз Иран. Меѓу потенцијалните цели се споменуваат глобални технолошки и индустриски гиганти како Microsoft, Google, Apple, Intel, IBM, Tesla и Boeing.

Покрај тоа, се зголемува и притисокот врз Балканот, откако Иран упати закани кон една држава од регионот, што дополнително ја комплицира геополитичката ситуација.

Во исто време, нападите продолжуваат – иранските челичани беа погодени, додека јеменските бунтовници Хути повторно извршија удари врз Израел, отворајќи нов фронт на нестабилност.

Ситуацијата останува напната, а наредните недели ќе бидат клучни за развојот на конфликтот кој има потенцијал да предизвика пошироки глобални последици.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape