ПРВ.мк
Балкан

ТАТКО КАКО ОД ХОРОР ФИЛМ: Ја силувал малолетната ќерка – случајот го пријавила самата жртва!

ТАТКО КАКО ОД ХОРОР ФИЛМ: Ја силувал малолетната ќерка – случајот го пријавила самата жртва!
Kariera
Kristal

Вишиот суд во Прокупље денеска донесе првостепена пресуда со која 44-годишен маж од Куршумлија е прогласен за виновен за тешко кривично дело – обљуба со злоупотреба на положба врз својата малолетна ќерка.

Судијката Гордана Ѓуриќ му изрече казна затвор од 12 години, што претставува максимална законска казна за ова дело. Според обвинението, осудениот во подолг временски период ја злоупотребувал и силувал својата ќерка, а случајот добил судски епилог по нејзиното потресно сведочење.

Случајот излезе на виделина во октомври 2024 година, кога девојчето самостојно се пријавило во полиција и раскажало дека злоупотребата траела долго време. По спроведената истрага, Вишото јавно обвинителство во Прокупље поднесе обвинение против осомничениот.

Првично, обвинетиот бил во притвор, но подоцна бил пуштен да се брани од слобода со мерка за забрана на приближување кон жртвата.

Мајката на девојчето, која е поранешна сопруга на осудениот, изјави дека процесот бил исклучително тежок за целото семејство.

„Свесна сум дека ова е максимална казна, но за нас и таа е мала. Ниту една пресуда нема да ја избрише болката и траумата што ја преживеавме“, изјавила таа, додавајќи дека дополнителен товар претставува и можноста за жалба.

Пресудата засега не е правосилна. Осудениот има рок од 15 дена да поднесе жалба, а конечната одлука ќе ја донесе Апелациониот суд во Ниш.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape