ПРВ.мк
Балкан

(ФОТО) Ја преживеале ноќта седејќи на гранки над водата: Досега спасени 30 лица од реката Сава!

(ФОТО) Ја преживеале ноќта седејќи на гранки над водата: Досега спасени 30 лица од реката Сава!
Kariera
Kristal

Во спасувачката операција што трае од синоќа кај Бабина Греда, досега се извлечени 30 лица од реката Сава, а сè уште нема потврда за жртви.

Болницата во Винковци потврди дека примила четворица мигранти спасени од Сава, а дел од нив биле префрлени во болниците во Вуковар и Славонски Брод.

Директорот на болницата, Крунослав Шпорчиќ, изјави дека примени се двајца државјани на Бангладеш и двајца Индијци:

„Ги лекувавме од хипотермија и ќе им биде пружена сета потребна помош“, додаде Шпорчиќ, пренесува агенцијата Срна.

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, истакна дека бродот се превртел и удрил во мочурлива област на Сава, а досега нема потврда за загинати.

Шефот на противпожарната служба, Владимир Балентовиќ, рече дека спасувачката операција започнала уште синоќа и дека, по пристигнувањето на локацијата, пронашле луѓе како седеат на гранки од дрвја бидејќи целата област била потопена.

„Досега спасивме 30 лица. Засега нема информации за жртви“, изјави Балентовиќ, додавајќи дека пожарникарите продолжуваат да го пребаруваат теренот со помош на дронови.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape