ПРВ.мк
Македонија

УЈП со важна информација за студентите кои работеле во странство!

УЈП со важна информација за студентите кои работеле во странство!
Kariera
Kristal

Управата за јавни приходи информира дека студентите кои работеле во странство не се „на удар“, туку се работи за редовна законска обврска која важи за сите граѓани.

Од УЈП појаснуваат дека не се воведуваат нови давачки, туку се спроведува постоечката регулатива со цел еднаква примена на законите. Акцентот е ставен на доброволно пријавување на приходите, преку навремено информирање и поддршка.

Во изминатиот период, институцијата испратила известувања до граѓани кои во 2025 година оствариле доход во странство, меѓу кои и студенти ангажирани на сезонска работа.

Секој македонски даночен резидент има обврска да го пријави доходот, без разлика дали е остварен дома или во странство. Ова важи и за студентите кои работеле во земји како Германија, особено ако престојот бил пократок од 183 дена.

Во тие случаи, согласно законите и договорите за избегнување двојно оданочување, данокот се плаќа во Македонија. Студентите се должни да го пријават приходот преку системот за е-даночни услуги и да поднесат електронска пресметка најдоцна до 10-ти во месецот за претходниот месец, додека плаќањето треба да се изврши до 15-ти.

Од УЈП потенцираат дека нема двојно оданочување, бидејќи постојат меѓународни договори кои го регулираат тоа прашање. Сепак, пријавувањето на приходите е задолжително и е важно за остварување на права пред институциите.

Целта на овие активности, како што велат од УЈП, е подигање на свеста кај граѓаните, особено младите, за навремено исполнување на законските обврски и градење правичен даночен систем.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape