Европската Унија испрати силна порака по контроверзните локални избори во Србија – бара брза реакција и одговорност за пријавените инциденти што го засенија гласањето.
Според делегацијата на ЕУ, изборите одржани на 29 март биле внимателно следени, но сериозни нерегуларности и инциденти предизвикале загриженост. Меѓу најсериозните наводи се пријави за насилство врз набљудувачи, граѓани, политички претставници и новинари.
Од ЕУ јасно порачаа дека институциите мора веднаш да реагираат – да ги истражат случаите транспарентно и да ги повикаат одговорните на одговорност. Воедно, потенцираат дека државата има обврска да обезбеди безбедност за сите учесници во изборниот процес.
И покрај критиките, беше поздравена високата излезеност на гласачите и фактот што било дозволено меѓународно набљудување. Но, пораката е јасна – без сериозни реформи, идните избори може да се соочат со истите проблеми.
ЕУ посочува дека е неопходно спроведување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР и Советот на Европа, со вклучување на сите релевантни фактори.


















