Во една прекрасна и весела атмосфера, со многу дечиња од општина Бутел, го одбележавме Денот на шегата – 1 април.

Настанот беше исполнет со насмевки, детска радост и џагор, каде главниот збор го имаа најмладите.

Малите креатори се претставија како доктори, принцези, самовили, фудбалери, нинџи, пчелички и магионичари, со уникатни маски кои ги изработија сами.

Нека радоста и насмевките што ги споделивме денеска траат целата година.





















