Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја шокираше јавноста со остра изјава во врска со конфликтот со Иран, тврдејќи дека Техеран побарал прекин на огнот.
Трамп изјави дека САД ќе ја разгледаат можноста за примирје само доколку Ормускиот теснец биде повторно отворен и безбеден за меѓународен сообраќај.
„Претседателот на новиот ирански режим, многу помалку радикален и далеку поинтелигентен од неговите претходници, токму побара прекин на огнот. Ќе го разгледаме тоа кога Ормускиот теснец ќе биде отворен, слободен и чист. До тогаш, Иран ќе го вратиме назад во камено доба“, напиша Трамп.
Сепак, останува нејасно на кого точно се однесува оваа изјава. Се шпекулира дека можеби мисли на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, кој е на функцијата од јули 2024 година, или пак на новиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи, кој неодамна го наследи својот татко.
Изјавата дополнително ги зголеми тензиите, додека ситуацијата на Блискиот Исток останува неизвесна и потенцијално ескалирачка.




















