Авганистан се соочува со сè подлабока хуманитарна криза, а најголемата цена ја плаќаат девојчињата. Според истражување на „Гардијан“ и „Зан Тајмс“, сè повеќе малолетнички се принудени на брак, додека нивните семејства, притиснати од сиромаштија и глад, ги продаваат за да обезбедат средства за преживување.
Една од нив е 18-годишната Сима, која зад себе веќе има четири бремености. Нејзиното најстаро дете има четири години, едно од децата починало од пневмонија, а најмалото е новороденче. Таа била принудена да се омажи на само 13 години, кратко по доаѓањето на Талибанците на власт, откако нејзиниот татко ја натерал на брак со роднина за да отплати семеен долг.
Денес живее во тешки услови, работи физички напорна работа и се соочува со сериозни здравствени последици од честите бремености. Таа сведочи дека постојано чувствува болки, главоболки и исцрпеност, иако има само 18 години.
Истражувањето открива дека ваквите случаи не се изолирани. Во една болница во северен Авганистан, само во првите пет месеци од годинава биле регистрирани 42 породувања на малолетни девојчиња. Две од нив починале при породување, откако нивните сопрузи одбиле да дозволат лекарите да извршат царски рез.
Медицинските работници предупредуваат дека бројот на детски бракови драматично расте. Според нив, порано вакви случаи биле реткост, а денес сè почесто и образувани семејства ги мажат своите ќерки на многу рана возраст поради економската состојба.
Репортерите разговарале и со семејства кои признале дека ги ветиле или продале своите ќерки уште како бебиња или мали деца за да отплатат долгови и да обезбедат храна. Во некои случаи, договорите предвидуваат девојчињата да бидат предадени на идните сопрузи кога ќе наполнат седум или осум години.
Пред преземањето на власта од страна на Талибанците, авганистанските закони предвидуваа минимална возраст за склучување брак. По промената на режимот, ова ограничување беше укинато, а паралелно беа затворени училиштата за девојчиња постари од 12 години и беше ограничено нивното право на образование и работа.
Според податоците на хуманитарните организации, се проценува дека околу 70 проценти од девојчињата кои останале без можност да посетуваат училиште подоцна биле принудени да








