ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Шок од Нигерија: Ентони Џошуа преживеа хорор-судир, животот го загубија двајца од неговиот најблизок тим

(ВИДЕО) Шок од Нигерија: Ентони Џошуа преживеа хорор-судир, животот го загубија двајца од неговиот најблизок тим
Kristal

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, утрово бил повреден во тешка сообраќајна несреќа што се случила во Нигерија, на автопатот Лагос–Ибадан. Иако судирот имал трагичен исход, боксерот за среќа се наоѓа надвор од животна опасност.

Според првичните информации од локалните власти, возилото во кое патувал Џошуа удрило во друго возило кое било запрено на автопатот. Во несреќата загинале две лица кои се наоѓале во неговиот автомобил. Британските медиуми објавија дека станува збор за Лац и Сина – долгогодишни тренери, соработници и блиски пријатели на Џошуа, кои биле дел од неговиот тим со години.

Командата на полицијата на државата Огун соопшти дека двајцата патници починале на самото место, а нивните тела биле пренесени во болница во градот Сагаму. Комесарот за полиција Ланре Огунлово изрази сочувство до семејствата и најави детална истрага за да се утврдат сите околности под кои дошло до трагедијата.

Лац и Сина биле задолжени за физичката подготовка на Џошуа и неодамна биле дел од неговиот стручен штаб пред борбата со Џејк Пол. По таа победа, Џошуа отпатувал во Нигерија со намера да го прослави успехот со својот тим и да ги помине празниците.

По несреќата, боксерот бил итно префрлен во болница во близина на Лагос, каде што му била укажана лекарска помош. Според последните информации, неговата состојба е стабилна, но јавноста и спортскиот свет се во шок поради загубата на двајцата луѓе кои беа клучен дел од неговата кариера.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

FixCredit
Escape