ПРВ.мк
Свет

СЕДУМ ПАТИ СИЛУВАНА ВО БЕСВЕСНА СОСТОЈБА: Се најавила на мејлот на сопругот мислејќи дека ја изневерува, а потоа пронашла гнасни снимки!

СЕДУМ ПАТИ СИЛУВАНА ВО БЕСВЕСНА СОСТОЈБА: Се најавила на мејлот на сопругот мислејќи дека ја изневерува, а потоа пронашла гнасни снимки!

Семневајќи се во неверство, неименувана жена од Мелбурн се најавила на истражниот/личен имејл на својот 34-годишен свршеник и открила девет снимки на кои тој ја силува додека спие.

Оптичениот столар признал кривица на Окружниот суд во Викторија за сексуални напади и силувања, додека жртвата потресено изјавила:

„Не знам како во иднина ќе му верувам на било кого“.

Шокантно откритие во имејл сандачето

Смнежот во верноста на партнерот со кого мивела повеќе од две години се претворила во најлоша ноќна мора за жената од Мелбурн. Мислејќи дека партнерот ја изневерува, ги прегледала неговите лични имејл пораки и наишла на девет пораки кои тој од својата лична адреса си ги препраќал на бизнис мејлот.

Во нив се наоѓале видео-снимки од злоставувањето додека спиела и била целосно несвесна што се случува. Жртвата успеала да се идентификува себеси на гнасните снимки благодарение на специфичните тетоважи на нејзиното тело.

Со анализа на материјалот било утврдено дека одделни снимки траеле само неколку секунди, додека една забележала цели 12 минути тортура во раните утрински часови.

Признание на суд и тешки обвиненија

Случајот доби судски епилог пред Окружниот суд во државата Викторија (Австралија), каде што обвинителите ги предочија доказите за бруталното нарушување на интимата.

Неименуваниот 34-годишен столар и татко на две деца призна дека ја нападнал својата партнерка 21 пат без нејзино знаење, додека седум пати ја силувал.

Осомничениот пред судот официјално се изјасни за виновен по три точки од обвинението за сексуален напад и две точки за силување. Поради тежината на сторените дела, судот го квалификуваше како тежок сексуален престапник.

Потресно сведочење на жртвата

Видно потресена, жртвата за време на сослушувањето пред донесувањето на пресудата ја опиша длабоката тага и згаденост поради предавството од лицето со кое планирала живот.

Таа истакна дека исклучително тешко ѝ паднало и прекинувањето на односите со децата и роднините на нејзиниот некогашен партнер, кои ги сметала за сопствено семејство.

„Не знам како во иднина ќе му верувам на било кого со кого ќе бидам во интимна врска“, изјави жртвата пред судот, нагласувајќи дека се чувствува посрамено.