ПРВ.мк
Свет

Рој пчели ја нападна вратата на авион – летот одложен

Рој пчели ја нападна вратата на авион – летот одложен
Escape

На аеродромот во индискиот град Сурат се случи несекојдневен инцидент, откако рој пчели слета на вратата од товарниот простор на патнички авион од типот Ербас А320, кој требаше да полета кон Џајпур.

Станува збор за летот 6E-784 на компанијата ИндиГо, кој бил подготвен за полетување во 16:20 часот, кога одеднаш пчелите се насобрале околу отворената врата, создавајќи хаос и паника кај персоналот.

Иако патниците веќе биле качени, багажот сè уште се товарел кога пчелите одеднаш го нападнале авионот. Обидите да се растераат со чад не вродиле со успех, па на терен пристигнало противпожарно возило, кое почнало да прска вода директно врз вратата.

Пчелите конечно попуштиле и одлетале, па авионот успеал да полета со повеќе од еден час задоцнување – точно во 17:26 часот.

Портпаролот на авиокомпанијата изјави: „Се соочивме со ситуација која е надвор од наша контрола. Ги следевме сите стандарди и безбедносни процедури. Благодарност до патниците за разбирањето.“

📹 Видео од инцидентот брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што корисниците го коментираат настанот како „најнеочекувана причина за доцнење на лет“, а некои дури се шегуваа дека „пчелите сакале да отпатуваат бесплатно“.

Иако делува комично, инцидентот потенцијално можел да биде опасен доколку пчелите влегле во авионот или доколку не бил навреме третиран проблемот. За среќа, пожарникарите и персоналот реагирале професионално, а патувањето продолжило без дополнителни компликации.

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo