Гамбија станува сè поголем центар на таканаречениот „геријатриски секс-туризам“, каде што постари жени од Западот одат во потрага по млади љубовници. Земјата дури доби подбивен прекар – „Гран-биа“, поради бројот на „баби туристки“ што стигнуваат секоја сезона.
Многу од овие жени доаѓаат од Велика Британија, во потрага по авантура, емоционална врска или – како што отворено признаваат некои – „само добра забава на плажа со младо друштво“. Но зад фасадата на романса се кријат и етички дилеми, сиромаштија и врски засновани врз финансиска нееднаквост.
Документарецот „Секс на плажа“ ги разобличи овие односи, прикажувајќи ситуации со огромна возраст и финансиска разлика. Некои врски завршуваат со брак и преселба, а има и случаи на преминување во ислам.
Иако Гамбија нуди прекрасна природа и култура, нејзиниот углед како семејна дестинација страда – особено кога плажите стануваат сцена за вакви контроверзни врски. Властите сега се во обид да ја променат сликата на државата, но прашањето останува – дали е ова љубов или туризам со цена?