Ако мислевте дека сите хороскопски знаци сакаат ред и чистота – размислете повторно! Астрологијата открива дека некои луѓе едноставно се раѓаат со отпор кон метла, крпа и правосмукалка. Еве ги трите најнеуредни хороскопски знаци кои совршено функционираат во тотален неред:
Скорпија За Скорпиите, чист дом е преценет луксуз. Ако нема гости – нема ни мотивација. Нивниот став е јасен: „Ако си дошол да ми се загледуваш во ќошињата – врати се кај што си дошол.“ Наместо да средуваат, тие ќе изберат серии, игри и кафе со пријатели. А ако треба некој да исчисти – подобро да не се тие.
Лав Лавот се грижи за изгледот – но само својот! Домот може да чека. Неред во кујната? Нема проблем, тоа ќе се среди „некад“. Лавовите веруваат дека времето е пари – и наместо да чистат, подобро да заработат и да вработат некој што ќе го стори тоа за нив.
Јарец Јарците се рационални, но кога станува збор за чистење – тешко! Тие ќе седат со часови пред телевизор, игнорирајќи ги трошките под масата. Обично задачите ги префрлаат на други членови од семејството, а ќе се фатат за метлата само ако ситуацијата стане алармантна.
Па ако се пронајдовте меѓу овие знаци – не се лутете, ѕвездите ве така програмирале. А за останатите… знаете каде да не одите неочекувано на гости!