Мајката на познатиот музичар Жељко Јоксимовиќ, Весна Јоксимовиќ, веќе долго време се соочува со сериозен здравствен проблем – хеликобактер пилори, бактерија која значително го влошува квалитетот на нејзиниот живот.
И покрај бројните обиди на лекарите да ѝ обезбедат соодветна терапија, нејзината состојба сеуште не се подобрува.
Саша Јоксимовиќ, помладиот брат на Жељко, првпат јавно проговори за оваа тивка, но исцрпувачка борба која ја води нивната мајка, во емисијата „РТС Ординација“.
- Мајка ми постојано има хеликобактер пилори и не може да се ослободи од таа бактерија. Пие силни антибиотици, цела кутија, но резултатите се неуспешни. Како да има рој бактерии внатре, објасни Саша.
Весна Јоксимовиќ поминала низ различни третмани, но засега ниту еден не донел трајно олеснување, истакна Саша, додавајќи дека битката продолжува.
Ask ChatGPT