ПРВ.мк
Свет

Револуционерна мерка: Забрана за социјални мрежи за деца под 15 години!

Револуционерна мерка: Забрана за социјални мрежи за деца под 15 години!
Kristal

Данска ја најави една од најстрогите мерки во Европа – целосна забрана за користење на социјални медиуми за лица под 15 години. Премиерката Мете Фредериксен објави дека новиот закон ќе има за цел да ги заштити децата од негативните последици на дигиталниот свет и зависноста од телефони.

„Мобилните телефони и социјалните мрежи им го одземаат детството на нашите деца“, рече Фредериксен во својот говор, предупредувајќи дека младите сè повеќе се изолираат. Според статистиката, 60% од данските момчиња на возраст од 11 до 19 години претпочитаат да останат дома наместо да излегуваат со пријатели.

Законот сè уште не е финализиран, но според првичните информации, родителите ќе можат да дадат посебна дозвола за користење на социјални мрежи од 13-годишна возраст.

Оваа иницијатива ја следи глобалната тенденција за заштита на младите од прекумерна онлајн изложеност. Австралија веќе воведе слична забрана за корисници под 16 години, а Грција предложи воспоставување „дигитално полнолетство“ во рамки на Европската Унија.

Данска со овој потег испраќа јасна порака – детството и менталното здравје на децата се поважни од лајкови и следбеници.

Escape