Рускиот претседател Владимир Путин поставил нов рок пред руската армија – до 31 декември да го преземе целиот регион Донецк, тврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Според Зеленски, меѓу главните цели на руските сили остануваат Константиновка, Славјанск и Краматорск. Станува збор за стратешки важни градови кои се дел од силно утврдениот украински одбранбен појас во Донецката област.
Американскиот Институт за проучување на војната (ISW), сепак, оценува дека поставениот рок тешко се совпаѓа со реалната состојба на фронтот. Аналитичарите посочуваат дека Москва и претходно поставувала рокови за целосно освојување на регионот кои не биле реализирани.
Во последните денови руските сили бележат напредување источно од Славјанск и се обидуваат да обезбедат подобри позиции за евентуални идни операции кон градот. Сепак, според ISW, силната украинска одбрана и сложениот терен значително ја отежнуваат можноста за брз и голем пробив.
Зеленски тврди и дека Русија се подготвува за мобилизација на околу 300.000 дополнителни луѓе по изборите за Државната дума во септември. Дел од новите сили, според неговите тврдења, би биле насочени кон Донецк и Луганск.
Проценката на ISW е дека е многу малку веројатно руската армија да успее да го освои целиот Донбас






