Пожарот кој вечерва се доближи до експресниот пат Штип – Кочани е целосно изгаснат, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Според првичните информации, горело стрниште во непосредна близина на патниот правец. Ситуацијата дополнително се подобрила откако во регионот заврнал дожд, што помогнало во справувањето со огнот.
Претходно, поради пожарот и намалената безбедност за учесниците во сообраќајот, било пријавено дека сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е во прекин. На социјалните мрежи се појавија и драматични снимки на кои се гледа огнот во непосредна близина на коловозот.
Надлежните претходно апелираа возачите да го избегнуваат овој патен правец и да ги користат околните локални патишта додека трае интервенцијата.
Со последното известување е потврдено дека пожарот е изгаснат.







