Во Дубаи беше претставен еден од најиновативните проекти на современата технологија – летечкиот автомобил LAC (Land Aircraft Carrier) на кинеската компанија „Ариџ“, кој предизвика вистинска сензација меѓу инвеститорите, властите и љубителите на иднината на мобилноста.
Овој уникатен модуларен летечки автомобил може да полета и слета вертикално, на ист начин како хеликоптер, што му овозможува движење во урбани услови без потреба од писта. LAC е целосно електричен, а управувањето е можно и рачно и во автоматски режим, што значи дека може да го користат и лица без пилотска дозвола.
Демонстрацијата во Дубаи го потврди она што многумина го очекуваа – дека летечките возила се веќе реалност, а не само футуристичка визија. Присутните потенцијални купувачи од Обединетите Арапски Емирати и Катар покажале огромен интерес, особено поради комбинацијата на луксузен дизајн, еколошки погон и практична примена.
Според компанијата, цената на LAC во Кина ќе биде пониска од 233.000 евра, што е речиси еднакво на цената на еден луксузен спортски автомобил. Првите возила за редовни купувачи се очекува да бидат испорачани во 2027 година, а досега веќе се потпишани над 600 преддоговори.
Властите во Дубаи ја поддржуваат идејата дека летечките автомобили ќе ја обликуваат иднината на урбаната мобилност, и очекуваат дека со зголемување на конкуренцијата и технолошкиот напредок, овие возила постепено ќе станат подостапни за пошироката јавност.
Со тоа, започнува нова ера – каде патувањето низ градот нема да значи сообраќаен метеж, туку лет над него.
Не дознавај последен - читај ПРВ.мк