ПРВ.мк
Свет

РАСТЕ ЗАГРИЖЕНОСТА ПОРАДИ ДРОНОВИТЕ: Воените авиони ноќе се преместуваат на побезбедни локации

РАСТЕ ЗАГРИЖЕНОСТА ПОРАДИ ДРОНОВИТЕ: Воените авиони ноќе се преместуваат на побезбедни локации

Британското кралско воено воздухопловство (РАФ) ги засилува безбедносните мерки и ги преместува своите воени авиони во хангари и заштитени засолништа поради потенцијалната опасност од беспилотни летала, објавија британските медиуми.

Според информациите, се разгледува и поставување дополнителни заштитни мрежи против дронови, со цел да се намали ризикот од евентуални напади врз воената опрема.

Ваквите мерки следуваат откако британското Министерство за одбрана и домашната разузнавачка служба МИ5 предупредиле на зголемена опасност од саботажи поврзани со Русија.

Дополнителна загриженост предизвикале и неколку безбедносни инциденти во британските воени бази, за кои властите разгледуваат можна поврзаност со Иран.

Претходно овој месец, припадници на американското воено воздухопловство реагирале поради сомнителна и неовластена активност на беспилотни летала во британска воена база.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец изјави дека безбедносната закана поврзана со Иран била причина за повлекување американски бомбардери од британска воздухопловна база.

Во близина на една од базите биле уапсени и петмина мажи, по пријави за сомнителни активности. Надлежните органи ја испитуваат можната поврзаност на случајот со Иран.

Новите безбедносни мерки се преземаат во услови на зголемена загриженост за заштитата на воената инфраструктура од беспилотни летала и потенцијални саботажи.

Засега нема конечна потврда за тоа кој стои зад пријавените инциденти.