Русија соопшти дека ја презела контролата врз Костјантинивка, град во источна Украина кој има важно стратешко значење во Донбас.
Кремљ тврди дека градот е целосно под руска контрола, а претседателот Владимир Путин изјави дека неговото заземање претставува значаен успех за руската армија. По објавата, руското Министерство за одбрана сподели видеа на кои се гледаат војници со руски знамиња во градот.
Според руските власти, во тек се операции за пронаоѓање на преостанати украински војници, додека Москва оценува дека и понатаму ја има иницијативата на фронтот.
Костјантинивка со месеци беше едно од најважните жаришта на борбите, а нејзината позиција ја прави значајна за понатамошните операции во Донбас.
Во меѓувреме, руските власти соопштија и дека нивните сили воспоставиле целосна контрола врз Луганската област, како и дека напредуваат кон правците Запорожје и Суми.








