ПРВ.мк
Свет

Неверојатна кражба во банка: Наместо пари во трезорот оставал нешто што ги шокираше сите

Неверојатна кражба во банка: Наместо пари во трезорот оставал нешто што ги шокираше сите

Во необичен случај што ја изненади јавноста во Јужна Кореја, менаџер на банкарска филијала признал дека украл околу 45.000 долари од трезорот, а за да ја прикрие кражбата ги заменувал вистинските банкноти со детски пари за играње.

Станува збор за филијала на Saemaul Credit Union во градот Гјонгџу, каде што, според локалните медиуми, менаџерот секојдневно имал пристап до трезорот и постепено ги заменувал вистинските банкноти со лажни, на кои наместо официјален дизајн имало цртани животни како патки и мечки.

Измамата била откриена откако еден од вработените го пријавил неговото сомнително однесување, по што банката започнала внатрешна истрага.

Од банката соопштиле дека менаџерот е отпуштен, а украдените пари биле вратени. Засега не е познато колку долго траела измамата, ниту зошто случајот не бил веднаш пријавен кај надлежните органи.