ПРВ.мк
Свет

Шок во Америка: Пукањето на универзитет ја урна лотаријата за зелена карта

Шок во Америка: Пукањето на универзитет ја урна лотаријата за зелена карта
Kristal

Американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука за суспензија на лотаријата за зелена карта, откако беше утврдено дека осомничениот за смртоносното пукање на Универзитетот Браун влегол во Соединетите Американски Држави токму преку оваа имиграциска програма.

Станува збор за 48-годишниот португалски државјанин Клаудио Невес Валенте, кој во 2017 година добил имигрантска виза преку лотаријата за зелена карта. Тој е осомничен дека застрелал двајца студенти на Универзитетот Браун, а подоцна бил пронајден мртов, при што властите соопштија дека извршил самоубиство. Истрагата дополнително проверува дали Валенте е поврзан и со убиството на професор од Масачусетскиот технолошки институт (МИТ), кое се случило неколку дена претходно.

Министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем соопшти дека програмата е ставена во мирување по директна наредба на претседателот Трамп. Таа изјави дека целта на одлуката е да се преиспита целиот систем и да се спречат можни безбедносни ризици поврзани со програмата за имигрантски визи.

Лотаријата за зелена карта овозможува до 50.000 визи годишно за државјани од земји со ниско ниво на имиграција во САД, преку процес на случаен избор. Програмата со години е предмет на политички дебати, а Трамп и во минатото јавно изразуваше противење, тврдејќи дека не обезбедува доволни безбедносни проверки.

Министерката Ноем потсети дека претседателот се залагал за укинување на оваа програма уште во 2017 година, по нападот со камион во Њујорк, кога загинаа осум лица, а сторителот исто така влегол во САД преку лотаријата за имигрантски визи.

Од Белата куќа најавуваат дека суспензијата ќе остане на сила додека не се заврши целосна ревизија на програмата и не се донесат нови одлуки за нејзината иднина.

FixCredit
Escape