Пожар избувна во областа Свјатошински во Киев по напад на руски дрон. Пожарот е пријавен во нестанбена зона, а пожарникарите се на терен и работат на гаснење на пожарот, пренесе Укринформ.
Како што е соопштено преку Телеграм, на местото на инцидентот биле испратени служби за итна помош. Засега не е познато дали има повредени. Во исто време силите за воздушна одбрана дејствуваа во Киев, каде се слушнаа експлозии.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ја потврди работата на противвоздушната одбрана и го предупреди населението да остане во засолништа додека не се објави официјалниот сигнал за крај на тревогата, пренесува Танјуг.