Заврши средбата меѓу руската и украинската делегација во Истанбул – Киев ги оцени барањата на Москва како нереални
Средбата меѓу делегациите на Русија и Украина, што денеска се одржа во Истанбул, заврши по речиси два часа, информираше извор од турското Министерство за надворешни работи.
Според изјава од украински дипломатски извор, руската страна изнела барања кои се оценети како „нерационални и целосно надвор од рамките на досегашните преговарачки теми“.
„Меѓу условите кои Русија ги постави е и повлекување на украинските вооружени сили од сопствената територија како предуслов за прекин на огнот“, изјави изворот.
Дополнително, тој нагласи дека имало и други барања кои, како што рече, биле „неприфатливи уште од самиот почеток“.
Средбата во Истанбул беше дел од напорите за наоѓање дипломатско решение за руско-украинскиот конфликт, кој трае веќе повеќе од три години, но повторно покажа колку се оддалечени позициите на двете страни.