ПРВ.мк

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол
Jumbo Banner

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски таблички, кое како што велат очевидците било управувано од жена, се удри во патната сигнализација.

Семафорот неколку часа стоеше на земја, додека сообраќајот се одвиваше забавено, а службите се обидуваа да го подигнат паднатиот семафор, што пак работеше и додека се наоѓаше на земја. За сега нема официјални информации поради кои причини се случила оваа сообраќајна незгода.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран