ПРВ.мк

Со помош на само една намирница, ослободете се од испуканите пети

Со помош на само една намирница, ослободете се од испуканите пети
Jumbo Banner

Домашен третман со лимон за испукани пети – поефикасен од било која крема

Во текот на зимските месеци, негата на стапалата често паѓа во втор план – а резултатот се суви, груби и испукани пети. Иако ова не изгледа најпријатно, решението не мора да биде скапа козметика. Напротив – доволен е само еден лимон!

Овој едноставен, но многу ефикасен третман се базира на природните својства на лимоновата кора, која е богата со етерични масла. Тие ја омекнуваат и регенерираат кожата, а резултатите се видливи уште по првата примена.

Што ви е потребно?

1 лимон

Памучни чорапи

Хидратантна крема или масло за тело

Постапка:

Прво, пресечете го лимонот на половина и исцедете го сокот (слободно искористете го за лимонада или во исхраната). За третманот ви требаат само корите, заедно со малку пулпа што останала во нив.

Петите ставете ги директно во кората од лимон – како природна обвивка – и облечете ги чорапите над нив. Оставете да делува најмалку 30 минути, а по желба и до еден час.

По третманот, извадете ги чорапите и лимонот. Ќе забележите дека кожата на петите е значително помека. Доколку има наталожена мртва кожа, внимателно отстранете ја со камен за пети. Потоа нанесете обична хидратантна крема или масло.

Колку често да се применува?

За најдобри резултати, овој третман може да се повторува два до три пати неделно. За кратко време, кожата на стапалата ќе биде мазна, негувана и подготвена за сандали – без трошок и без хемикалии.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран