ПРВ.мк

Ердоган испрати важна порака до Европа

Ердоган испрати важна порака до Европа
Jumbo Banner

Ердоган од Тирана: Европа да ги охрабри мировните преговори и да покаже хуманост кон Газа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска, на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана, ги повика европските лидери да го поддржат продолжувањето на преговорите меѓу Украина и Русија без поставување предуслови и да покажат поголем интерес за страдањата на палестинскиот народ во Појасот Газа.

Ердоган нагласи дека Турција вложува максимални напори за поддршка на тековните мировни иницијативи, особено преку разговорите што се водат во Истанбул. Во таа насока, тој откри дека неодамна остварил средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во однос на состојбата во Газа, турскиот претседател беше дециден дека неопходно е веднаш да се воспостави прекин на огнот, повикувајќи ги европските земји да преземат активна улога во овој процес.

„Во Газа веќе 20 месеци гледаме хуманитарна катастрофа без преседан. Мора да се каже стоп, мора да се стави крај. Агресивниот пристап на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претставува закана за целиот регион и за народите од различни верски убедувања. Очекуваме Европа да ја покаже потребната хуманост и волја“, истакна Ердоган.

Тој остро ја осуди, како што ја нарече, рамнодушноста на Европа кон гладот и страдањата на цивилното население во Газа, оценувајќи ја како некомпатибилна со европските хуманистички вредности.

Во своето обраќање, турскиот претседател се осврна и на потребата од реформа на шенгенскиот визен режим, истакнувајќи дека ваквиот потег би придонел за поголема економска и социјална мобилност во Европа. Притоа ги поздрави напорите и инвестициите на ЕУ во зајакнувањето на одбранбените капацитети.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран