ПРВ.мк

Откако Трамп предложи да се сретне со Путин, пристигна експресен одговор од Кремљ

Откако Трамп предложи да се сретне со Путин, пристигна експресен одговор од Кремљ
Jumbo Banner

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека состанокот помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин е „сигурно неопходен“.

Оваа изјава следува по изјавата на Трамп дадена претходно во текот на денот, во која тој рече дека би се сретнал со Путин „штом тоа биде можно да се организира“.

„Таков состанок е навистина неопходен“, истакна Песков.

„Тој е пред сè важен од аспект на билатералните односи меѓу Русија и САД, но и поради потребата од сериозен дијалог на највисоко ниво за меѓународните и регионалните прашања, вклучително и, секако, кризата во Украина“, додаде портпаролот.

Коментирајќи ги преговорите во Истанбул, Песков изјави дека рускиот преговарачки тим е во постојана комуникација со Москва и дека претседателот Путин добива ажурирани информации во реално време.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран