На самитот на Европската политичка заедница во Тирана, премиерот на македонската влада, Христијан Мицкоски ќе оствари средбa со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер.
На средбата се очекува да се постигне согласност за договор за стратешко партнерство на Македонија со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Ова преставува стратешки договор кој ја позиционира Македонија во редот на интересите и дејствувањето на една од највлијателните политички и економски сили во светот, како што е Обединетото Кралство.
Овој договор преставува ново поглавје во односите меѓу двете држави и преставува клучна основа за подоцнежна економска и политичка соработка.
Самиот договор се преговараше повеќе месеци меѓу тимови од двете држави, и вклучува членови за блиска соработка во повеќе клучни области.
Се очекуваат повеќе информации во текот на денот,